Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

„Златната топка“ на Модриќ наместена?

0

Француските медиуми и понатаму истражуваат што навистина се случувало на доделувањето на „Златната топка“, бидејќи не можат да се помират со фактот дека Антоан Гризман, фудбалерот на Атлетико, не ја освои престижната награда.

Така, денеска пишуваат дека извесен Абду Боина, претставник од Коморските остроиви, кој наводно, исто така гласал за Модриќ, воопшто не постои.

„Порталот Albaladcomores.com е згаснат пред шест години, а човек под тоа име не може да се пронајде“, пишуваат Французите.

Истовремено, новинарот на РТВ Словенија, Андреј Старе, изјави дека хрватскиот фудбалер не бил ни меѓу петте најдобри во неговиот список за 2018 година. Тој вели дека гласал за Роналдо, Азар, Меси, Облак и Мбапе.

И многу други новинари, ширум Европа, се чудат на изборот на Модриќ, бидејќи никој од нив не гласал за него.

Ballon d’or 2018 de #francefootball / Le juré comorien Abdou Boina n’existe pas ! ➡️ https://t.co/nRsJfkUWHy@francefootball @lequipepic.twitter.com/FSLV6ekXcQ

— Al-watwan (@alwatwancomores) December 6, 2018

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com