Златан знае да биде и златен

0

Младите фудбалери од Тајланд кои повеќе од две недели минаа во поплавената јама пред да бидат спасени, во петокот, на последната станица од нивната меѓународна турнеја, тренираа со фудбалерите на Лос Анџелес Галакси и суперѕвездата, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ.

Претходно тие беа специјални гост на Олимписките игри на младите во Буенос Аирес, а по доаѓањето во Лос Анџелес прво го разгледаа стадионот на Галакси, а потоа тренираа со играчите на помошното игралиште.

Тренингот го организираше американската телевизиска водителка Елен Де Џенерис, која децата ги пречека во својата емисија и ги запраша кој е нивниот фудбалски идол. Откако сите 12 деца одговорија дека тоа е Ибрахимовиќ, тогаш како гостин –изненадување во шоуто влезе и големиот Швеѓанин.

-За себе мислам дека сум доста храбар, но овие деца се неверојатни. Тоа што го проживеаја и начинот на кој се спасени ги прават најхрабрата екипа на светот- изјави тогаш Ибрахимовиќ.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com