За Џејн Фонда годините се само број

0

 

Иако неодамна влезе во деветата деценија на животот, славната оскаровка изгледа фантастично. Не е ни чудо, бидејќи во 1970-тите го популаризираше аеробикот како систем за вежбање што ги освои жените ширум светот.

Актерка, активистка, фитнес-гуру, филантроп и автор, Џејн Фонда, е родена како ќерка на холивудската легенда Хенри Фондa, но нејзиниот живот не е воопшто лесен.

Фонда се изгладнувала за да остане витка и имала доста бурни љубовни врски, но ниту еден од нејзините три бракови не опстанал долго.

За прв пат беше номинирана за Оскар во 1968 година за улогата на „Коњите ги убиваат, зар не?“, а првиот Оскар го освои три години подоцна за филмот “Клут” во кој играше проститутка. Нејзината втора златна статуа ја освои во 1978 година за „Доаѓање дома“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com