За да го преведе „Пиреј“ го кренал на нозе цело село

0

На 8 ноември (четврток), со почеток во 13 часот, во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, ќе се одржи предавање на Бенјамин Лангер, преведувач од Германија.
Како еден од ретките германски преведувачи од македонскиот јазик, Бенјамин Лангер пред присутните ќе ги долови условите за создавање книжевен превод во Германија.
Во своето излагање на Филолошкиот факултет во Скопје, Лангер ќе раскаже за своевидната авантура кога активирал речиси цело македонско село за да успее да го преведе романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик, надминувајќи ги многубројните предизвици.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com