За воскресението Христово

0

‘‘Христос Воскресе‘‘! Со овие зборови го поздравила светата рамноапостолна Марија Магдалена кесарот(царот) Тиберие,која по Христовото Воскресение патувајќи низ многу земји и благовестејќи го Христа,допатувала во Рим.

‘‘Христос Воскресе‘‘! Воскликнуваме и ние на овој ден Божји.Ден врата за Христовата вечност,Ден ‘‘празник над празниците‘‘,како што се вели во Црковната велигденска песна,воскликнуваме, како што воскликнувале и нашите претци,а ќе воскликнуваат и ќе се радуваат нашите поколенија,кои доаѓаат со Божјата љубов.

На сето ова претходи голема болка.Болат нашите богоотпаднички гревови,боли Христовата крвава пот во Гетсиманската градина,боли предавството на Јуда Искариотски,боли плукањето и срамењето на оној кој не направил никаков грев,боли товарот на тешкиот дрвен Крст(тоа сме ние со нашите гревови),по пат на Голгота,боли распнувањето Негово,болат клинците на неговите пречисти и пресвети раце и нозе,боли копјето забодено во неговите ребра,боли Болката на неговата мајка Богомајка,и собраното негово словенско стадо,апостолите и чесните жени.

Се боли, дури и земјата и небото го покажа тоа со своето потресување и настапувањето на темнината од шестиот(12) до деветиот(15) час попладне.

Конечно доаѓа и Денот на Христовото воскресение.Се пее од милиони радосни срца.‘‘Христос Воскресна од мртвите, со Смрт Смртта ја победи и на тие што беа во гробовите живот им подари.‘‘

По торжествената богослужба,луѓето држат во своите раце црвени велигденски јајца .Кршејќи ги меѓусебно велигденските јајца,ја изговараат најрадосната вест ‘‘Христос Воскресе‘‘ и со силна вера и уште поголема радост ја потврдуваат оваа небоземна благовест, со зборовите ‘‘Навистина Воскресе‘‘.Ова се повторува и понатаму и насекаде.

Внатрешноста на црвеното јајце го претставува Христа,а додека неговата лушпа го претставува гробот во кој беше положен Христос.Црвената боја пак ја претставува Христовата света пролеана крв заради нашите гревови со која Вистината не ослободи.Како што секое јајце,што е мртов плод,кршејќи ја лушпата излегува плод,живо суштество,исто така и Богочовекот Исус Христос Воскресна (оживеа) во гробот,победувајќи ја смртта и дарувајќи ни вечен живот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com