Засадено дрво на пријателството помеѓу Битола и Епинал

0

По повод Денот на ослободувањето на Битола и по повод 50 години од збратимувањето на Битола и на францускиот град Епинал денес на пладне во катчето “Епинал“ кое се наоѓа во центарот на градот беше засадено дрво на пријателството, јавува Битола Њус.
Во знак на пријателство дрвото беше засадено од страна на двата градоначалници, на Битола – Наташа Петровска и на Епинал – Мишел Хејнриш, во присуство на амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
Претходно во дворот на Општината беше доделен подарокот од страна на градоначалникот на Епинал на градоначалникот на Битола (кошница за пчели).
Инаку, повелбата за збратимување на Битола и Епинал е потпишана на 2 август 1968 година, од тогашниот претседател на Собранието на Битола – Мито Пејовски и градоначалникот на Епинал -Андре Арган.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com