Заради нив ги гледате сериите

0

 

Во денешно време има се поголем број нови производи во филмската индустрија, што едноставно е нереално да ги пратиме сите. Сега секој може да си избере ТВ емисија по свој вкус, но постојат серии кои и без да ги имаме гледано, знаеме за нив сè. Скоро во секоја серија има заводливи хероини за кои сонувале сите гледачи. Некои дури само поради нив, не пропуштале ниту една епизода.

  1. Рејчел Грин од „Пријатели“ (Џенифер Анистон)

„Пријатели“ секогаш ќе остане најпозната и најгледана комедија на сите времиња и поради тоа решивме да ја започнеме оваа листа со нив. Размазената ќерка на богатиот доктор, која што пробува да научи како да живее самостојно, гради кариера и истовремено е во комплицирана љубовна врска со палеонтологот Рос, беше една од најпосакуваните хероини во 90-тите години.

  1. Пени од „Теоријата на големиот тресок“ (Кејли Куоко)

Иако серијата тврди дека “умот е новата сексуалност”, оваа серија не би била толку популарна без шармантната русокоса Пени.

Девојка од провинција, која сонува да стане позната ѕвезда и на крај се заљубува во научник, е несомнено еден од главните херои на современите ТВ-емисии. Дали знаете дека Кејли ја започна каријата во не помалку познатата ТВ-серија „Волшебнички“, каде што глумеше како ученичка на сестрите-волшебнички?

  1. Пру, Пајпер, Фиби и Пејџ од „Волшебнички“ (Шенон Доерти, Холи Мари Комбс, Алиса Милано, Роуз Макгроуен)

Додека сме кај „Волшебнички“, не можеме, а да не ги ставиме трите сестри на нашата листа. Пред 15 години, овие млади девојќи ги маѓепсаа обожавателите и често се водеа дискусии, која од нив е најубава.

  1. Реми Хадли од „Доктор Хаус“ (Оливија Вајлд)

Шармантен бисексуален доктор, ги остави гледачите без зборови.  Реми во серијата доби и друг прекар „Тринаесетта“, поради нејзиниот сериски број за време на стажирањето.

  1. Габриела Солис од „Очајни домаќинки“ (Ева Лонгорија)

Кога поранешен топ-модел се појавува во ТВ-серија, во која што има голем број мистериозни настани и многу од нив се одвиваат во кревет, не можете, а да не почнете да ги следите епизодите.

  1. Робин Шербатски од „Како ја запознав вашата мајка“ (Коби Смолдерс)

Таткото на Робин цел живот посакувал таа да биде момче и како резултат на тоа, канадската телевизиска новинарка сака виски, пури, добро се справува со оружјето, но исто така изгледа прекрасно.  Таква девојка многу лесно станува одличен пријател, па не е и изненадувачки што и публиката и хероите од серијата беа воодушевени од неа.

  1. Кејт Остин од „Изгубени“ (Еванџелин Лили)

Уште една згодна и силна девојка на нашата листа, која исто така е од Канада. Кејт е мистериозна, опасна, непревидлива – речиси иста како и приказната за мегапопуларната ТВ-серија „Изгубени“.

  1. Дејенерис од „Игра на троновите“ (Емилија Кларк)

За Емилија Кларк веќе одамна се зборува, но кога таа се пресели во книгите на Џорџ Мартин и се појави на „Ејч-би-о“, во светот почна вистинска треска за русокосата мајка на џиновите.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com