Замина Богот на стриповите Марвел

0

 

Во една од болниците во Лос Анџелес (Калифорнија, САД) на 95-годишна возраст, почина познатиот американски писател, познат и како богот на стриповите Марвел, Стен Ли.

Стен Ли е автор на познатите стрипови како Човек-пајак, Халк, Икс-Мен, Доктор Стрејнџ и Ајрон Мен. Тој беше главен уредник, издавач, а потоа стана и претседател на одборот на директори на американската компанија „Марвел Комикс“.

Според локалните медиуми, утринава, Марвел бил хоспитализиран, но за жал, лекарите биле немоќни и не успеале да ја спасат оваа легенда. Веќе долго време Марвел имал проблеми со видот а страдал од сериозни болести, вклучувајќи ја пневмонијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com