Заев: Не знаеме дали се работи за бегство или не

0

 

Не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, по информацијата од фејсбук дека поранешниот премиер Груевски побарал азил во Унгарија.

Заев уште еднаш повтори дека власта нема намера да се меша во правосудниот систем и апелира институциите да се остават да си ја завршат својата работа.

-Полицијата немаше никакво право без упатен акт да ја попречи слободата на Груевски, ниту да му се доближи, да го следи или нешто да применува. За тоа мора да постојат судски наредби, напомена Заев на прашањето во кого ја лоцира одговорноста за тоа што Груевски се уште не е најден.

Заев истакна дека не може да каже кој е одговорен зашто, како што рече, сите институции постапуваат како што се постапувало до сега.

Претходно и ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски рече дека не знае каде се наоѓа експремиерот и дека нема информации дали е во Унгарија. Тој рече дека немаат ниту информации дека Груевски добивал закани, како што има напишано на неговиот Фејсбук.

„Она вчера околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше хајка, членови на ВМРО-ДПМНЕ беа малтретитани, ова е јавен линч на сите кои мислат поинаку. Институциите беа злоуптребени. Сомнителни лица на МВР плашеа народ, беа забелажани возила на Министерството за одбрана да учествуваат во притисокот. Внатрешна контрола да истражи кој даде информации на медиумите, кога ќе биде претресот во домот на Груевски. Малтретирање на семејството на почесниот претседател Никола Груевски и членовите на партијата“ порача Арсовски.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, ова е содржината на статусот на Фејсбук кој денеска е објавен на профилот на Груевски.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com