Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Животот на славна глумица е целосно уништен од фотографиите кога е гола во када!

0

И покрај тоа што веќе зачекори во педесеттите години, американската актерка Брук Шилдс неодамна се врати на работата како модел, како што и ја започна својата кариера во кампања на Келвин Клајн. За оваа модна куќа таа ја сними првата кампања во 1980 година, кога имаше само 15 години, а позираше во тесни фармерки.

Нејзината прва филмска улога воедно беше и најконтроверзната. На само 11 години одигра 12-годишната проститутка во филмот „Pretty baby“, а потоа таа стана најмладата ѕвезда на насловната страница на американското списание „Вог“. Со текот на времето, таа има изградено завидна кариера и денес, вели таа, не жали за ништо, но нејзините почетоци не беа лесни, ниту пак детството.
Во светот на манекенството, ја исфорсирала нејзината мајка Тери Шилдс, кога Брук имала само 10 години. Долго време и беше менаџер, но ѝ дала на нејзината ќерка ангажман што дефинитивно ќе се смета за злоупотреба на деца денес- да се фотографира целосно гола во када, со масло, со тешка шминка и ѓердан. Фотографиите излегоа во списанието на Плејбој „Sugar And Spice“, а денес лесно можат да се најдат на интернет. Денес, фотографијата се смета за еден од најочигледните примери за искористување на децата. Актерката често укажува дека поради фотографиите и денес има трауми, и за се ја обвинува, се разбира, мајка си. Тери со години се бореше со сериозен алкохолизам и почина во 2012 година.
Во 1981 Брук на суд се обиде да се спречи употребата на фотографиите, но судот истакна дека договорот не и дава право на тоа, и дека фотографиите не ги прекршуваат законите за фотографирање на деца, што, исто така, се смета за многу контроверзна одлука.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com