Ермис Лафазановски со „Туја“ македонски конкурент за „Балканика“

0

Писателот Ермис Лафазановски, со книгата „Туја“, е наш национален претставник за меѓународната книжевна награда  „Балканика“.

На конкурсот, што традиционално го објавува издавачката куќа „Магор“, пристигнале уште други 6 книги:  „Апокалипса.мк“, од Бранко Прља, „Океан од слики“, од Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе,  „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ од Глигор Стојковски и „Последното име на иднината“ од Живко Гроздановски. Од нив три влегоа во потесен избор, велат од Магор.

Книжевната манифестацијата „Балканика“, годинава ќе се одржи во Букурешт – Романија, од 14 до 16 декември.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com