Ема Вотсон во нов љубовен роман

0

Ѕвездата од филмскиот серијал „Хари Потер“ Ема Вотсон, беше забележана на одмор во Мексико. 28-годишната актерка беше “фатена на дело” како разменува нежни бакнежи со бизнисменот Брендан Валас.
Брендан има околу 35 години и е ко-основач на такси услугата „Кабифи“, која е една од најголемите такси компании во Португалија, Шпанија и Латинска Америка.
Претходно, Ема беше во љубовна врска со ѕвездата на тинејџерската серија „Гли“ – Корд Оверстрит. Во мај 2018 година, тврдеа дека романсата е завршена, но на крајот на јуни оваа година, ѕвездите повторно беа забележани заедно.
Пред Корд, француско-британската актерка беше заедно со компјутерскиот специјалист Вилијам Најт, со кој се раздели во 2017 година.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com