Елина Свитолина ја воодушеви јавноста со хуманоста

0

Елина Свитолина ја воодушеви јавноста со својот гест, откако реши да ја плати операцијата на сонародничката Дарија Лопатеска. Украинската тенисерка, која на ВТА-листата се наоѓа на шестото место, решила да плати 12.000 евра за да ѝ помогне на 16- годишната Лопатеска, која неодамна доживеала тешка повреда на коленото.

За хуманиот гест јавноста дознала откако сестрата на Дарија преку социјалните мрежи упатила благодарност до 24-годишната Свитолина.

Елина во кариерата има освоено 13 титули, а досега заработила 14 милиони долари. Во последно време вниманието на медиумите го привлекува и поради романсата што ја има со колегата Гаел Монфилс.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com