ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсени осум лица од бандата на покојниот нарко-бос Џелал Ајети – Џељо!

0

Полицијата вечерва спроведе акција во скопската општина Арачиново и Сингелиќ, и и уште неколку места кај „Хасанбегова чешма“.

Според информациите на ПРЕС ЦЕНТАР, станува збор за акција во која се приведени членови на групата „Беланоца“, каде некогаш припаѓаше и познатиот лихвар Џелал Ајети-Џело. Тој беше убиен пред шест години, додека неговиот брат беше убиен минатата година на улицата “Рузелтова” во Скопје. До овој момент се приведени 8 лица во полицијата.

Оваа операција ја спроведуваат  Секторот за организиран криминал и Одделението за брза интервенција – Скопје.

Џељал Ајети – Џељо (46) екс сопственик на чајџилницата „Кај Џељо“ беше убиен во ноември 2013 година во неговата чајџилница во скопската населба „Ченто“ и беше познат како еден од повлијателните луѓе во скопското подземје. Во него пукаше маскирано лице кое со калашников влегол во угостителскиот објект и испукал најмалку 30 куршуми.

Џељо го носеше и називот нарко бос, кој во полициската евиденција  имаше 18 пријави за извршени повеќе кривични дела, а беше и неколкупати осудуван, но многу ретко имаше одлежувано високи затворски казни.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com