Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Едноставни времиња

0

 

Ајде сега, иако за прв пат, на кратко.

Едноставни времиња.

Звучи одлично. Звучи лесно, полетно. Звучи како се да е возможно.

Ха… Да, супер би било се да е пак едноставно како играње џамлии или возење точак во маало.
Ама сепак не е.
Сите пораснавме и наеднаш веќе ништо не е едноставно.
Заврши средно, заврши факултет, оди на работа….
И ,,магично” животот те зема под ,,свое”.
Па почнуваш да се нервираш на работа, па те ,,замара” некој од домашните со неговите проблеми, па ќе ти влета некој преку ред на шалтер, и полека но сигурно настанува еден организиран хаос.

Е излез. Се бара начин за поедноставен живот, без стрес, другари мои. Стресот лошо влијаел на здравјето, се ни е од стрес (ќе речат повеќето доктори, најчесто).
Јас излезот си го барам во добро друштво. За мене добро друштво е друштво од детство. Луѓе кои знаат се за тебе. Со тие, пивото е најубаво, а и оговарањето да бидиме искрени.
Такво друштво плус неколку пива па и по некоја Б52 и everything is awesome (https://youtu.be/9cQgQIMlwWw).

Само да не заврши ептен во ,,позитива” текстов, зошто баш во тоа друштво има еден јак ,,хејтер” кој во мојот до сега најголем животен хаос ми кажа вака : ,, Животот цело време фрла с**ња накај тебе, а ти треба со вентилатор да ги враќаш назад”. Да, малку буквално ама поентата е погодена.

Така да другари,
читајте МИС во слободно време за разонода, и да, купете си голем вентилатор.

Share.

About Author

.

Остави коментар

Powered by themekiller.com