Егзотичен остров далеку од навалицата на туристи

0

Меѓу Англија и Франција е сместена мала група острови кои се нарекуваат Билвик Гурнзи. Богати со историја и култура, но и со свежа морска храна и песочни плажи, овие острови иако географски поблиски до Франција, му припаѓаат на Обединетото Кралство. Имаат сопствена власт, валута и начин на живот, кои го комбинираат најдоброто од двете нации.

Најголемиот остров, Гурнзи, од кој може да се стигне и до помалиот и помирен Сарк, има неверојатни карпи и ливади во комбинации со плажи со златен песок.

Јужната страна на островот крие воодушевувачки брег кој бил инспирација на многу уметници, меѓу кои бил и францускиот сликар импресионист, Пјер Огист Реноар.

Меѓу бројните атракции не треба да се пропуштат базените Ла Валета во карпите на морскиот брег, кои се омилено место за капење со векови. Велат дека дури и Виктор Иго пливал во еден од овие базени во 19 век. Неговата куќа во која ги пишувал „Клетници“ се наоѓа на помалку од два километри во ридовите и може да се посети.

Посебна атракција е малиот остров Сарк, оддалечен 40 минути со траект, богат со неверојатни плажи и шуми како од бајките. На островот имате впечаток дека времето застанало во некој друг век, друг универзум.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com