Европски куп во бодибилдинг и фитнес во Скопје

0

Во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, минатиот викенд во Скопје, се одржа престижниот Европски куп во бодибилдинг и фитнес, ‘IFBB Diamond Cup Macedonia2018′.
На натпреварот земаа учество 155 натпреварувачи од 24 држави. Македонија на овој Европски куп настапи со тим од 15 натпреварувачи и двајца меѓународни судии, Бобан Ѓороски и Милан Глигороски. Во силна конкуренција македонските натпреварувачи забележаа одлични резултати, освојувајќи 3 бронзени (Владе Станковски, во категорија ветерани до 50 год. возраст, Васко Мамучевски во категорија Бодибилдинг до 85 кг и Симона Стојановска во категорија Бикини‐Фитнес до 166 см) и два сребрени медали (Јовче Василевски во категорија ветерани над 50 год. возраст и Александар Трајковски во категорија Бодибилдинг ‐Класик до 180 см).

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com