Дружењето е прекрасна работа. Сепак ставено е некаде на крајот од дневните обврски и никако да стасаме до него. Се разбира, главната причина е-денот е премногу краток, нема време за сé. И така дружењето малку, по малку се истиснува од нашето секојдневие. Брзото темпо на живот не оддалечи од оние кои многи ги сакаме и кои многу ни значат-пријателите. Дружењето во денешно време се сведува на некој телефонски разговор и она стандардното-како си, дали сте сите добро? И се обидувате некој период од неколку месеци да го резимирате во неколку реченици. На крајот, вообичаено следува веќе добро познатата реченица: ќе видам, немам воопшто време, ако стасам ќе се видиме. А, потоа сé од почеток. Зарем е сé друго толку позначајно од дружењето со пријателите?
Времето тече, годините минуваат, а она на што најмногу се сеќаваме се токму дружењата со нив.
Секако ако се најде малку време со пријателите се гледаме само со повод – на роденден, годишници на бракот, прослави од секаков вид, или пак смртни случаи. Сето тоа не врзува на официјални средби неколку пати во годината.
Кој е виновен? Веројатно самиот живот: трката по егзистенција, кариера, поголема заработувачка…или пак вината лежи токму во нас?
Барем да останеме доследни во дружењето со ова ваше и наше списание.
Во спомен на главниот и одговорен уредник
Маргарета Николовска Димовска