Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ДОЈДИ НА ЧАЈ!

0

Научниците истакнуваат дека четири шолји чај на ден, се во состојба да обезбедат заштита од бројни болести,вклучувајќи го ракот и срцевите заболувања.

Антиоксидантната активност на чајот е дури помоќна од сите овошја и зеленчуци,тврди Д-р Роналд Прајор,истражувач на Жан Мајор Институтот во САД.

Останатите истражувања се презентирани на симпозиумот во Вашингтон.Тие потврдиле дека фитохемиските состојки на чајот, го спречуваат напредувањето на тумор на градите,предизвикан од канцерогените состојки во тутунот.Тие исто така го блокираат развојот на ќелиските промени индуцирани со карбонските елементи во печеното месо и рибата.

Чајот е делотворен и против срцевите заболувања.Една холандска студија испитувајќи 8.000 постари лица,кои дневно знаеле да испијат повеќе од четири шолји чај,покажаеле дека тие во 60 отсто случаи се во помала опасност од запушувања на артериите.

Инаку, утврдено е дека црниот чај е покорисен од зелениот.Многу е значајно чајот по варењето да оттои некое време за да се ослободат фито состојките. Д-р Прајор открил дека 85 отсто антиоксидантна активност на чајот, се одвива во првите пет минути.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

  • Античките Грци чајот го користеле за лекување на астма, настинки и бронхитис.
  • Во Русија, во 19.век чајот е препишуван за зајакнување на дигестивниот и нервниот систем,крвните садови и срцето.
  • Во текот на четириесетите години од минатиот век,американските научници установиле дека танинот, состојка на чајот,содржи антибактериски и антивирусни својства,додека одделни подоцнежни истражувања,потврдиле дека истата состојка ги штити забите од пропаѓање.
  • Изгледа дека заштитните дејства на витамините,минералите и фито состојките,најдобро делуваат заедно.Во Шкотска, на пример, каде што се пие многу чај,но се јаде малку овошје и зеленчук,постои голема зачестеност на срцеви заболувања.Затоа, запомнете дека за поголема делотворност на чајот потребно е задолжително во исхраната да има и овошје и зеленчук.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com