Дојде редот и на Опра да се отвори

0

Една од најпознатите водителки во светот – Опра Винфри, позната по тоа што нејзиното шоу се смета за најуспешно во изминатите 25 години и со нејзините легендарни интервјуа влезе во историјата како најуспешна телевизиска програма.

Голем број ѕвезди на нејзиниот кауч се отворија пред јавноста и ги раскажаа своите лични проблеми. Поради оваа привилегија, Опра има чувство дека и нејзе и дојде редот да се отвори со сопствените чувства. Неодамна, водителката раскажа како таа се чувствува  после загубата на својата мајка. Нејзината мајка, Вернита Ли, почина во нејзиниот дом во Милвоки, на 84-годишна возраст. Популарната водителка нашла утеха со тоа што знае дека Вернита живеела долг живот, исполнет со љубов и среќа.

Опра во едно од своите интервјуа изјави „Имав шанса да и кажам збогум и колку сум среќна што можам да ја прегрнам за крај. Знам дека и било многу тешко да има бебе како млада девојка. Многу од нејзините пријатели сметале дека треба да се откаже од мене, но и покрај сите убедувања, таа не го направила тоа“.

Водителката е благодарна што го имала тој последен разговор со неа и што успеала да и каже „збогум и благодарам“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com