Доење на 9 години!? Потреба или насилство

0

 

Мајка од Јоркшир признала дека неодамна престанала да ја дои својата 9- годишна ќерка. По  скоро една декада, мајката на четири деца, Шерон Спинк, рекла дека ќе и недостасува доењето, кое се случувало барем еднаш месечно кога девојчето се чувствувало лошо, но на крајот ќерката била таа што одлучила дека треба да престане да се дои.

И покрај критиките кои биле упатени кон мајката дека се работи за насилство, дури нарекувајќи ја педофил, 50-годишната Англичанка рекла дека на ќерката, Шарлот, тоа и носело удобност и сигурност, додавајќи дека многу мајки го правеле истото и дека на крајот од денот, тоа е одлука на детето. Таа била решена да го дои нејзиното најмало дете, откако не успеала да го стори тоа со другите три деца, и дека доењето само ги споило уште повеќе со нејзината ќерка.

Шарон рече: „Јас само се надевам кога таа ќе биде постара, ќе се сеќава на тоа чувство на удобност и сигурност што ги имаше. Имаме толку блиска врска и јас сум убедена дека тоа е поради доењето толку долго време“.

Патем, Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење до шест месеци, а Шерон, која сега е квалификуван советник за доење, вели дека до четиригодишна возраст, Шарлот сѐ уште имала навика за ноќно доење во нејзиниот кревет.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com