Довчерашен телохранител е новиот Џемс Бонд?

0

 

Шестата и последна епизода од серијата „Телохранител“ ја следеле 10,5 милиони луѓе и се смета дека таа е една од најгледаните серии во историјата на Би-Би-Си. Епизодата траела 75 минути, многу повеќе од вообичаениот термин, а од идната среда оваа серија преку Нетфликс  ќе стане достапна и на гледачите од целиот свет.

Но, оваа серија не го привлече вниманието на јавноста само поради огромната гледаност. Минатиот викенд протече веста дека главниот глумец во серијата, Ричард Маден, толку ја импресионирал Барбара Броколи, продуцентката на филмовите за Џемс Бонд, што изјавила дека со задоволство би го видела во улогата ма тајниот агент 007. Веста веднаш ја пренесоа речиси сите британски таблоиди, а не и одолеаја ниту сериозните медиуми. Се чини дека веста дојде во вистинскиот момент, бидејќи Даниел Крејг веќе во ноември почнува да го снима својот последен филм во оваа франшиза, а со тоа договорот му истекува.

Со вклучувањето на Маден, се чини дополнително се комплицира ситуацијата околу тоа кој навистина ќе биде новиот Џемс Бонд. Броколи најнапред негативно се изрази околу барањето ликот да го толкува жена. Англоафриканецот Идриз Елба веќе подолго време е на стенд-бај, се чини малку повеќе шанси од него имааат Том Харди и Том Хиделстон, па Маден сега дополнително ја зголеми конкуренцијата.

Тој има 32 години и би бил најмладиот глумец што последниве десетлетија би се појавил во таа улога. Даниел Крејг имаше 38 во „Казино Ројал“, Пирс Броснан 42 во „Златното око“, Тимоти Далтон 41 во „Казино Ројал“, Роџер Мур 46 во „Живеј и пушти ги да умрат“, а Шон Конери имаше 32 во „Д-р Но“, како Маден сега, иако велат дека изгледал постаро. Интересно и тој и Маден се Шкотланѓани.

Инаку, публиката го знае Маден како реномиран театарски актер, а посебно по серијата „Игра на тронови“, каде што во првите три сезони го игра ликот на Роб Старк.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com