Дизни куќа која е сон за секое дете

0

Во американската држава Флорида, се нуди на продажба куќа која е сон на секое дете низ светот и би му се допаднала на секој љубител на филмската компанија „Волт Дизни“.

Внатрешниот ентериер на куќата е посветен на хероите на „Дизни“, нивните слики ги красат ѕидовите на собите, мебелот е направен во чудесен дух, а влезната врата е украсена со витражи со Мики и Мини Маус.

Оваа прекрасна куќа од бајките се наоѓа само на еден час од Дизни Ворлд. Внатре има пет спални, билијард и домашно кино, а самата парцела се продава за 850 илјади американски долари. Во дворот од куќата има и два базени, дизајнирани во форма на главата на Мики Маус. Во еден од базените има хидромасажна бања, камен водопад, пештера и пешачки мост.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com