Дете од Тајланд облекувајќи се како девојче купил куќа за неговите родители

0

Дванаесетгодишниот Нес од провинцијата Фанг – На во Тајланд, почнал да се облекува како девојче и да држи часови за шминкање на неговиот профил на „Инстаграм“. На овој начин тој заработил пари за да им купи нова куќа на своите родители.

На Нес уште од мал му се допаѓало да ја гледа мајка му како се шминка. Момчето почналo да го прави истото и со помош на козметиката, тој се претворал во девојче. Бил толку успешен, што почнал да објавува фотографии од својот изглед на „Инстаграм“ и да води часови за шминкање. Како што може да забележите, на фотографиите многу е тешко да определите дали Нес е девојка или машко. Тој се облекува исто како девојка, става перики и долги трепки. Родителите не само што не се против новото хоби на нивниот син, тие и му помагаат и го советуваат. Патем, Нес оди на училиште во обичен изглед и се однесува исто како порано.

Необичното хоби на момчето не само што му носи илјадници допаѓања и следбеници на „Инстаграм“,тој добива и голем приход. Нес неодамна им плати на родителите нов скап дом. Засега не планира да се откаже од својата нова работа, бидејќи некои познати козметички компании потпишаа договори со него.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com