Дете на истополови родители во Полска доби право да биде регистрирано

0

Лезбејски пар, родители на момче, доби право да го регистрираат во Полска како свое дете, одлучи пресудата на Високиот суд без преседан во католичката земја во која истополовите бракови се нелегални.
Случајот за прв пат дојде пред локалната администрација 2015 година, кога една Полјачка побара регистрација на нејзиниот син, кој е роден во Лондон во 2014 година, со цел да добие извод на родените.
Жената и нејзината партнерка се регистрирани како родители на момчето во Велика Британија, но локалната администрација во Полска го отфрли нивното барање.
Еден официјален претставник на Врховниот административен суд овој месец потврди дека Судот одлучи во корист на лезбејскиот пар.
Полските медиуми објавија дека оваа пресуда е прва од ваков вид во Полска, каде што истополовите бракови се нелегални и хомосексуалците имаат помалку права во споредба со многу други европски земји.
“Оваа одлука ќе отворат нови законски можности за хомосексуални родители … Се зголемува безбедноста на семејства кои избираат да живеат делумно во Полска и делумно во странство”, вели Павел Кнут, адвокат на полската организација за правата на хомосексуалците – Кампањата против хомофобијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com