Детали за грабежот во Чаир: Разбојниците украле 150 илјади евра, а возеле голф со украдени таблички

0

Разбојничкиот голф низ Скопје се возел со украдени регистраски таблички од автомобил рено, сопственост на жител на главниот град. Истрагата ова го утврдила по прегледот на видео снимките на кои се гледал белиот голф како бега по грабежот на НЛБ во Чаир, тврдат за Телма информирани извори. Кражбата на регистарските таблички била пријавена во МВР. Табличките, но и автомобилот за бесгтво се целосно изгорени. Најден е на километар воздушно растојание од ограбената банка. Полицијата преку преглед на остатоците ќе утврдува и ќе го вештачи бројот на шасијата на голфот за да откри дополнителни податоци. Но засега официјално од МВР и од обвинителството нема никакви детали за текот на истрагата.

„Има напредок“, беа зборовите на висок полициски функционер кој ни потврди дека по дознавањето за грабежот се преземени сите предвидени оперативни мерки како известување на најблиските гранични премини и на сите скопски полициски тимови на терен.

Иако не е познато каде се и кои се разбојниците, НЛБ објави колкав е нивниот плен. Четворицата вооружени и маскирани напаѓачи украле 150 илјади евра од екзпозитурата. Парите се осигурени, па банката ќе добие поголем дел од парите. Во соопштението НЛБ наведува дека сите повредени се на домашно лекување.

Соопштение на НЛБ:

Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување.

Банката наведува дека ќе соработува со надлежните истражни органи. Грабежот беше изведен среде ден, вработените биле удирани, а разбојниците при бегството испукале и предупредувачки куршум. Автомобилот со кој бегале го уништиле сосе сите траги, а тој е најден во уличка каде нема камери и од каде лесно се доаѓа до улицата која води кон гробиштата Бутел и кон скопската обиколница.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com