Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Десет работи од секојдневието што ги правите погрешно

0

Според некои истражувања, 46,9% од секојдниевните активности ги правиме автоматски. Тоа често ни го одвлекува вниманието и не прави да се чувствуваме несреќно. Поради тоа, многу е важно да се обрне внимание на секој најмал детаљ од нашиот живот и секогаш да се трудиме да гледаме на работите со свежи очи.

Направивме листа на десет секојдневни работи што многу често ги правиме погрешно, дури и без да знаеме за тоа.

  1. Држење пијалок

Правилен начин е кога шишето го држите за неговиот врат, а чашата за нејзината дршка. Ако ја држите чашата за телото, топлината на вашите раце влијае на температурата на вашиот пијалок, предизвикувајќи го да се загрее и да го промени својот вкус и изглед.

  1. Миење коса

Стилистите за коса и дерматолозите сметаат дека секојдневното миење, може да биде штетно за вашата коса, бидејќи ги отстранува важните масла од неа кои се потребни за здрава коса. Како резултат на тоа, масните жлезди на главата се обидуваат да компензираат со производство на уште поголемо масло. Значи, ако не сакате вашата коса да биде премногу мрсна, немојте да ја миете повеќе од 2 или 3 пати неделно.

  1. Топлење остатоци од храна во микробранова печка

Иако микробрановите беа создадени за рамномерно загревање храна, тие не можат правилно да го сторат тоа, ако ја оставите храната само во средината на чинијата. Наместо тоа, обидете се да направите дупка во средина и ставете ја храната околу рабовите на чинијата пред да ја ставите во микробранова печка. Овој трик ќе ви помогне топлината да помине низ целата ваша храна.

  1. Носење црни шноли

Кога ќе ја ставата шнолата во коса, бидете сигурни дека нејзината брановидна страна е надолу. Со помош на овој метод, кривите на иглата ќе ја фатат косата многу посилно и на тој начин поубаво ќе биде обезбедена нејзината позиција на главата. Покрај тоа, шнолата ќе биде помалку видлива во косата.

  1. Оставање на лажицата додека готвите

Ако не сакате да имате уште една валкана чинија откако ќе ја подготвите вечерата, треба да почнете да ја оставате лажичката за готвење во рачката на тенџерето. Но, бидете внимателни: подобро е да изберете дрвена лажица со долга рачка која совршено ќе одговара.

  1. Примена на паста за заби

Сите ние мислиме дека, колку повеќе паста за заби користиме додека ги четкаме нашите заби, толку почисти и побели тие ќе бидат. Сепак, тоа апсолутно не е вистина. Секој стоматолог би ви кажал дека е доволна многу мала количина на паста за да имате здрави и чисти заби.

  1. Туширање пред спиење

Иако повеќето луѓе веруваат дека туширање со топла вода може да ви помогне да се релаксирате и лесно да заспиете, напротив докторите не го препорачуваат тоа. Причината е прилично едноставна – вашата телесна температура ќе биде покачена и срцето ќе работи посилно.

Значи, тука имате 2 опции – или направете жешка бања најмалку еден час пред да одите во кревет, за да му дадете на вашето тело некое време за да се олади или наместо тоа да користите млака вода.

  1. Држење пенкало

Техниката на правилно држење на пенкало е дека палецот, показалецот и средниот прст треба да создаваат триаголник.

Исто така, треба да избегнете притискање на пенкалото, во спротивно, вашата рака ќе се умори брзо. Наместо тоа, држете го пенкалото што е можно поблиску до дното со лабав зафат.

  1. Истурање сок во чаша

Најдобар начин да се избегне прскање и истурање на сок на масата е да се прелива преку картонското превиткување и со отворот на врвот. Овој трик ќе ви помогне да го контролирате протокот и да го направите целиот процес полесен.

1.Пуштање на вода во тоалет

Кога ќе пуштите вода во тоалетот и ќе го оставите отворен капакот, тоа многу често резултира со “тоалетна плунка”, феномен кога инфективните бактерии и вируси кои се наоѓаат во вашите фекални честички летаат право во воздухот. Значи, ако се грижите за вашето здравје, следен пат не заборавајте да го затворите капакот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com