Ден Дончев, Жан Митрев и Венко Филипче во милионски скандал: “Филип Втори” профитира, државата троши 35% повеќе од претходно!

0

За огромни 35% се зголемени трошоците на фондот за операциите на детска кардио-хирургија во болницата “Филип Втори”, откако на почетокот од годинава министерот за здравство Венко Филипче и директорот на фондот за здравство, Ден Дончев, одлучија операциите на детска кардио-хирургија да се извдевуваат во приватната болница, наместо во странство или во специјализираното оделение во склоп на клиничкиот центар – покажува истражувањето на “Економски Лидер”.

Од политичката партија “Алијанса за Албанците”, утринава излегоа со соопштение, во кое ги разоткрија првичните контури на скандалот.

-Растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници „Аџибадем Систина“ (6,5 милиони) и „Жан Митрев“ (9,1 милиони евра) за 2018 година. Исто така, треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија. – рекоа утринава од партијата на Зијадин Села.

Дел од операциите поевтино е да се изведуваат во странство

Анализата на ценовниците и измените кои се објавени на официјалната страница на ФЗОРСМ (може да се најдат на следниот линк), јасно го дефинираат скандалот.

Целиот текст на Лидер

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com