Деми Ловато заврши со рехабилитацијата по 3 месеци?

0

 

Деми Ловато беше забележана овој викенд во Лос Анџелес. 26-годишната поп-ѕвезда неодамна заврши тримесечен третман во центарот за рехабилитација, по очигледното предозирање во јули во нејзиниот дом во Лос Анџелес, и речиси двонеделен престој во болница. Пејачката, која веќе неколку години се бори со употреба на супстанции и поминала доста време во рехабилитација, излезе на суши во Беверли Хилс во саботната вечер со дизајнерот Анри Александар Леви. Двајцата беа фотографирани во автомобил пред суши ресторанот.

„Деми изгледаше одлично и толку среќно што излезе од рехабилитација“, изјавиле блиски на познатата ѕвезда. „Тие изгледаа како добри пријатели кои се многу возбудени што се гледаат. Немаше романтични гестови, но таа многу се смееше за време на вечерата, и беше многу опуштена и спокојна. Изгледаше среќна и здрава, а останаа еден час и половина пред да заминат заедно во неговиот автомобил“.

Не е сосема јасно дали Ловато го завршила својот престој во центарот за рехабилитација и се вратила дома, или и било дозволено да патува за време на викендот. Кога се случи сетоа тоа во јули, за Ловато беше кажано дека ќе остане на третман „следните неколку месеци“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com