Дел од автопат во Израел пропаднал пред очите на возачите

0

 

Во петокот, на 9 ноември, поради обилните дождови кои го зафатија регионот во близина на Мртвото Море во Израел, дојде до пропаѓање на дел од автопатот.

На видеото се гледа како дел од патот кој е поплавен со вода и кал, едноставно паѓа и целосно го блокира движењето на возилата.

Локалните медиуми изјавија дека претходно полицијата веќе пријавила нарушување на  движењето по автопатот околу Мртвото море, поради ерозија на почвата и поплавување. Но, многу возачи не ги послушаа овие предупредувања и се најдоа на местото на настанот. Спасувачката екипа се активира и изврши евакуација на луѓето кои беа блокирани на патот.

Четири лица беа спасени, а на еден од нив му била потребна медицинска помош.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com