Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ДВОЈКА

0

 

Да правиш нешто по втор пат…

Да добиеш двојка…

Да си втор…

Бројот два никогаш не ми се допаѓал. Со задоволство прифаќам трето место за што било пред 2ка.

Некако двојка, да си втор, да правиш нешто по втор пат, само ми потенцира како не си успеал првиот пат, не си се трудел, а сигурно си можел. Работата била ,,ако проџе, проџе’’.

Ова со двојката, ме асоцира на една ,,особа’’ која по никоја цена не дозволува да биде втора, односно по не баш ,,секоја’’ цена се труди да биде прва.

Еј другари, таква амбициозност, упорност, истрајност ја немам видено кај друг. Ма нема шанси она да дозволи друг да биде прв, кога знае дека тоа може да биде она (со главата во ѕид, што би рекле старите).

Ама, мислам дека е тоа така бидејќи она има сфатено нешто многу битно, а тоа е дека она знае дека тоа што го прави е она што го сака, па се бори за тоа, тоа и го исполнува времето со радост и среќа.

Рака на срце, во последно време и секогаш завршува прва, мислам секоја чест. Она го трча својот филм, и го трча до крај што е и најважно.

Да, не е лесно баш да најдеш нешто во кое си најдобар, односно подобар од другите (колку и да звучи невкусно ова), ама се наоѓа, и кога ќе се најде и кога ќе успееш, се чувствуваш како цел свет да е твој (или како барем да си го качил водно, ама не до средно, до горе). 😊

Затоа другари бидете секогаш први!

Бидете први во вашиот ,,филм’’.

Share.

About Author

.

Остави коментар

Powered by themekiller.com