Дали јогуртот може да помогне во борбата против депресија?

0

Истражувањата покажаа позитивни ефекти на пробиотиците врз менталното здравје. Научниците сугерираат дека пробиотиците пронајдени во јогурт можат да помогнат во лекувањето на депресијата. „Добрите“ бактерии помагаат во рамнотежата на цревата и имаат корисен ефект врз дијареа, алергии, инфекции на уринарниот тракт, габични инфекции на нетолеранција на лактоза.

Научниците откриле дека Lactobacillus – „добрите“ бактерии присутни во пробиотичкиот јогурт помагаат при депресивно однесување кај глувците. Авторите на Универзитетот Вирџинија за медицина веруваат дека пробиотиците би можеле да го сторат истото за луѓето. „Големата надеж за вакви истражувања е дека нема да мораме да се мачиме со сложени лекови и несакани ефекти кога ќе можеме да се справиме со микробиолошко“, вели главниот истражувач Албан Голтиер. Тој додава дека би било одлично ако луѓето што страдаат од депресија може само да ја променат својата исхрана и со тоа да го подобрат своето здравје и расположение:

– Бројни студии покажаа дека здравјето на цревата игра значајна улога во менталното здравје. Истражувањето објавено во 2014 година покажува дека пробиотиците – кои го зголемуваат изобилството на добри цревни бактерии – ја намалуваат анксиозноста и стресот кај возрасните. Ниските нивоа на Lactobacillus доведуваат до депресивни симптоми. Јогуртот нема да им наштети на луѓето кои страдаат од депресија, но поединците не треба да ја прекинат терапијата со лекови без да разговараат со лекар.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com