Дали Шерил Кол направила пластична операција?

0

 

Обожавателите на Шерил Кол не можеа да не се запрашаат што се случило со нејзиниот изглед кога за првпат се појави на телевизиските екрани откако се раздели од Лиам Пејн. 35-годишната се појави на We Are Most Amused and Amazed во вторникот вечерта, за прославувањето на 70-тиот роденден на принцот Чарлс. Таа изгледаше одлилчно во црвениот фустан со едно ракав и штикли со платформи, со долгите кадрици кои нежно паѓаа по нејзините раменици.

Иако изгледаше убаво, и нема што да сугерира дека имала естетски зафат, но сепак обожавателите излегоа на Твитер за да кажат дека мислеле дека изгледа поинаку.

Тие напишаа: „Се забележува и на нејзиното ново видео, но уште полошо е на ТВ – Шерил што си направила на твоето лице ?!“

„Нејзината горна усна повеќе не се движи!“

„Што е со образите на Шерил?“

„Искрено не ја препознав жената во црвениот фустан како Шерил Кол – многу е тажно што таа избра да го измени она што беше многу убаво лице.“

Шерил излезе на социјалните медиуми во петокот за да го брани нејзиниот изглед, велејќи дека недостатокот на сон едноставно ја оставил со ‘траги од перница’ на нејзиниот образ.

Во следното интервју таа тврдела дека нејзиното лице е „целосно изменето“ откако го родила својот син и точно е дека ова може да се случи.

„Целото мое тело, па дури и моето лице, сè е изменето од раѓањето на мојот син“, додаде таа. „Гледате сосема поинаква личност.“

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com