Дали Ченинг Тејтум ќе изгуби се?

0

Американската актерка Џена Дуан, скоро седум месеци е разделена од нејзиниот сопруг, холивудската ѕвезда Ченинг Тејтум, но на 26 октомври во Лос Анџелес официјално поднесе барање за развод.  Како причина за развод, Дуан посочи дека ја снемало љубовта во нивната врска и  непомирливи противречности помеѓу нив двајца. Тужбата за развод беше поднесена од адвокат Саманта Спектор – претходно, таа ја претставуваше актерката Амбер Херд за време на нејзиниот развод од Џони Деп.

Холивудската актерка Џена Дуан, во нејзината тужба, бара заедничко со сопругот старателство над петгодишната ќерка Еверли, како и определа сума пари која ќе ја добие по нејзиниот развод. Ченинг Тејтум, ја поддржува својата поранешна љубов, за заедничко старателство над својата ќерка, но не дозволува да го дели своето богатство со неа.

Тејтум и Дуан се запознаа на сет од филмот “Степ Ап” (2006) и се венчаа во јули 2009 година. Во април оваа година, тие објавија дека повеќе не живеат заедно.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com