Дали сонувате за свадба од бајките во вилата на Тито?

0

Град Сплит одлучи да ја подигне цената на изнајмување на „Вила Далмација“ и дневниот наем на овој репрезентативен простор е заокружен на околу 248.000 денари (30 илјади куни).
Комерцијална употреба на приземјето и терасите досега чинеше околу 230.000 денари (поточно 28.125.00 куни) со вклучено чистење од соодветна агенција веднаш по настанот и соодветните ДДВ, а поради огромните трошоци и честите резервации, цената сега малку ја зголемија. Зголемувањето се случи поради трошоците од типот на струја, вода, греење или ладење, вработување на дополнителен персонал за време на настанот, како и поради фактот што дел од износот на ова зголемување е поттикнато од зголемувањето на цената на услугите на Агенцијата за чистење.
Резервациите за 2019 одамна се започнати, и веќе го надминаа бројот на резервирани датуми од оваа година. Ова не е невообичаено, со оглед на фактот дека веќе долго време има постојан годишен раст.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com