Дали Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се венчаa?

0

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт предизвикаа шпекулации дека тајно се венчале откако се појави снимка од парот како нешто прославува со своите најблиски. Неколку дена откако беше објавено дека двојката била венчана во „тајна церемонија“, нивниот пријател Конрад Кар на Инстаграм сподели слика од заљубениот пар кои се подготвуваат да ја сечат тортата заедно во неделата.

За да е уште поинтересно, во „славеничката“ атмосфера се наоѓаат и џиновски метално розови балони на кои пишува „г-дин и г-ѓа“.

Мајли и Лиам имаат бурна врска со години, а првпат се верија во јуни 2012 година.

Но, откако двојката го загуби својот дом Малибу во неодамнешните шумски пожари во Калифорнија, тие сакаа да ја официјализираат врската.

Таа и Лиам чувствуваат дека нивниот ангажман трае засекогаш и тие двајцата одлучиле, во исто време, дека е време веќе да се венчаат“, тврди нивен близок за медиумите.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com