Групна тепачка на Рузвелтова, тројца завршија во Клинички

0

Три лица се повредени со нож во масовната тепачка што во петок навечер се случи на улицата Рузвелтова во Скопје, соопшти полицијата.

Тепачката настанала помеѓу две лица од една страна и две лица од друга страна во едно од кафулињата на оваа улица. МВР има само првични сознанија за „нарушување на јавниот ред и мир од повеќе лица“ и нема детали за мотивот за тепачката.

На сите тројца им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Скопје. МВР соопшти дека тие „се обезбедени за расчистување на случајот“.

Полицијата не го соопштува идентитетот на повредените и на учесниците во тепачката.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com