Груевски се јави на Фејсбук- јас барам политички азил од Унгарија

0

 

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, ова е содржината на статусот на Фејсбук кој пред неколку минути е објавен.

По поранешниот премиер Никола Груевски е распишана потерница за двегодишната затворска казна за случајот Тенк. Министерот Спасовски денеска најави дека полицијата ќе продолжи да го бара и на други локации, но и дека е засилено полициското присуство на излезите од Скопје и граничните премини. За тоа кој е одговорен што Груевски до сега се уште не е пронајден, Спасовски рече дека МВР го спроведува она што е наложено од судот. Телевизиските екипи се во очекување да биде спроведен Груевски во затворот во Шутка.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com