Груевски во бегство, Комисијата предложи Собранието да му го одземе имунитетот

0

Комисијата за мандатно имунитетни прашања му предложи на Собранието да му го одземе имунитетот на екс премиерот Груевски. Предлогот на комисијата доаѓа на барање на кривичниот суд поради намерата на Груевски да му биде одреден притвор за 6 кривични дела.

Претседателот на комисијата вели дека ова е контрадикторна ситуација но пратениците се должни да гласаат. Тој побара одговорност од институциите за бегството на Груевски.

За опозицијата која не присуствуваше на денешната седница воопшто не е важно каква одлука ќе донесе Собранието. Според нив, азилот зборува сам за себе.

Согласно деловникот, за одземање на имунитетот на Груевски треба да решава собранискиот пленум со апсолутно мнозинство. Џафери седницата ја закажа за во 17 часот попладнево.

Екс премиерот Груевски е во бегство повеќе од 2 недели. Исто толку време од МВР и министерот Спасовски не објавува никаква информација за тоа, како е можно по 4 недели следење од страна на службите Груевски да го прошета половина Балкан и да стигне во Унгарија, каде вчера беше топ тема на седницата за пратенички прашања. Унгарскиот премиер Орбан пред пратениците рече дека е многу зафатен и дека немал време да се види со Груевски. Уште еднаш повтори колку ја цени неговата поддршка во справувањето со бегалската криза.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com