Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Грешки што ги прават луѓето кои трчаат

0

 

Трчањето само по себе е прилично едноставно. Меѓутоа, ако имате специфични цели на ум за подобрување или сакате да си го надминете сопствениот резултат во одредена трка, тогаш работите почнуваат да стануваат посложени. Тука ќе прочитате неколку корисни информации за како да ги избегнете најчестите грешки кои ги прават луѓето кои трчаат.

Трчање само на една иста патека

Ако вежбате само за да останете фит, тогаш монотоното трчање таму каде што најмногу ви одговара е сосема во ред. Но ако сакате да се подобрите и да ја зголемите брзината, тогаш треба да додадете некоја разновидност во вашата рутина. Најважниот фактор за подобрување на вашата изведба е создавање на стимул за напредок. Неопходно е да се менува обемот на тренинг и интензитетот. Можете да ја надминете монотонијата со различни вежби за трчање  како вежбање на интервали, трчање на одредено темпо или трчање по ридови и на тој начин ќе го исфорсирате вашето тело постојано да се соочува со нови предизвици.

Многу помага многу

Оваа мантра е во основа точна, но исто така носи и одредени ризици. Професионалните тркачи прават дванаесет или повеќе вежби неделно. Потребни се неколку години интензивно вежбање за да се изгради силата и издржливоста неопходни за работа во такви големи количини. Многу тркачи го зголемуваат бројот на сесии во вежбањето од еднаш до двапати неделно на пет или шест пати, бидејќи тие неодамна одлучиле да трчаат за маратон. Но, бидејќи пасивните структури на телото (коски, лигаменти, тетиви, ‘рскавица, итн.) бараат време да се навикнат на толкав напор, ова често води кон повреди (најчесто на коленото). Затоа, важно е да се даде доволно време за правилно подготвување за трката. Треба да го зголемите обемот на вежбање и интензитетот постепено и во согласност со вашето ниво на тренинг за да избегнете повреди.

Лажна амбиција последните недели пред трката

Дали со недели напорно сте се подготвувале за одредена трка само да застанете на стартната линија и да сфатите дека не се чувствувате подготвени? Оваа грешка се должи на лажна амбиција во последната една или две недели пред трката. Многу тркачи мислат дека мора да го дадат својот максимум непосредно пред големата трка. Но треба само да вклучите една или две напорни вежби за да им дадете на вашите мускули еден последен интензивен стимул за оптимално подготвување на вашето тело за барањата на претстојната трка. Треба исто така да избегнете тешки тренинзи непознати вежби во последните денови пред трката. Замор или болки во мускулите може брзо да го загрозат вашето целно време.

Интензивно вежбање без претходно загревање

За жал, позитивните ефекти на загревањето често се потценуваат. Всушност, правилното загревање може да ви помогне да поставите нови лични достигнувања, и треба да бидат редовен дел од вашиот тренинг. Доброто загревање може да го намали ризикот од повреда, особено за брзи и нагли мускулни контракции, како и движењата за кои е потребен висок степен на флексибилност. Голем број научни истражувања покажаа дека загревањето на телесното ткиво е способно да толерира повеќе стрес. Исто така, загревањето го намалува ризикот од повреда преку подобрување на концентрацијата и забрзување на времето на реакција.

 

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com