Градоначалникот им се извини на граѓаните

0

Откако скопскиот градоначалник, Петре Шилегов се најде на мета на критиките поради тоа што беше „уловен“ од фоторепортерите како игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето. Во изјава за „Независен“ Шилегов признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува на граѓаните.

„Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави лицемерните и лажни политички пароли паушалниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот и живееме во последиците на паушалните политики и говори и пристап кон градот. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com