Гореше американското знаме во Атина

0

 

Грчката полиција се судри со демонстрантите во центарот на Атина, каде илјадници луѓе се собраа поради годишнината од наслните протести во 1973.година по кои од власт е соборена воената хунта.

Околу 10.000 луѓе маршираа до американската амбасада во Атина, а многу Грци сметаат дека САД помагале на седмогишината воена диктатура на хунтата, пренесува Ројтерс.

Судирите избија по завршетокот на маршот, а поединечни демонстранти ја гаѓале полицијата со камења и Молотови коктели. Запалено е и американското знаме.

Грчката телевизија „Алфа“ пренесе полициска снимка од растерувањето на демонстрантите со солзавец. Дел од демонстрантите поставуваа и барикади.

Засега нема податоци за можни поврдени и уапсени.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com