Ги донирал милијардите и ги оставил децата во сиромаштија

0

Трите деца на милијардерот од Хонг Конг, Винг – Чинг Ших не добија ништо од неговото богатство, кое го донирал во хуманитарни цели.

70-годишниот милијардер е познат како најголем трговец со недвижности во Хонг Конг и својот удел во компанијата вреден 400 милиони долари го подарил во хуманитарни цели.

Трите сина поради ваквата одлука на таткото живееле скромно и морале самите да си направат пат до успехот. Според написот во американското списание Блумберг, неговиот син  Алекс Ших раскажува дека татко им пред да ги донира милионите им рекол дека повеќе ќе ги ценат парите и успехот доколку одат кон него чекор по чекор.

Сега Алекс треба да го наследи татко си, кога тој ќе се повлече од раководната позиција на компанијата за недвижности, за да го заземе неговото место. Вели дека зема само скромна плата за да преживее. Во детството одел во јавни училишта и е воспитуван да им помага на сиромашните.

Алекс, иако е втор човек во една од најмоќните компании за продажба на недвижности во Хонг Конг, работи во скромна канцеларија, ужива во планинарењето и штеди за да си купи свој стан.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com