Германскиот свештеник го посети Шумахер

0

Германското издание „Билд“ објави интервју со архиепископот Георг Генсвајн, кој во летото 2016 година го посетил во болница формула 1 возачот Михаел Шумахер. Поради тоа што семејството на спортистот  крие било каква информација поврзана со него, приказната на свештеникот е значајна.

Според архиепископот, Шумахер изгледа исто како и порано. Тој изјави: „Шумахер ја чувствува поддршката на своите најблиски, кои што многу го сакаат. Семејството го штити Михаел од очите на публиката и тоа е многу важно“.

Свештеникот смета дека на познатиот спортист најмногу му е потребна приватност. „Семејството е неговото засолниште. Јас секој ден се молам за Шумахер и неговото семејство“, рече Генсвајн.

Да се потсетиме, во декември 2013 година Михаел Шумахер за време на скијање, се здоби со тешка повреда на главата во алпското одморалиште Мерибел и падна во кома. Од септември 2014 година, тој е во вила на брегот на Женевското Езеро.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com