Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

В петок промоција на графичката новела „Црната аурора“

0

Овој петок, 18 јануари, во 20 часот во „Цреша бар“ ќе се одржи промоција на графичката новела „Црната аурора“ по сценарио на Ивица Дукоски, а цртеж на Владимир Благојевиќ – Владодлак во издание на Стрип Квадрат.

„Црната аурора“ ја содржи целосната хорор епопеја за темниот облак од ѕвездена прашина што мистериозно се појавува над Скопје. Никој нема објаснување за овој феномен („НЛО? Порта кон пеколот? Многу чуден кумулонимбус?“), освен Ален Корбин кој стравува дека Црната аурора е директно поврзана со неговите кошмари.

Ова е прва графичка новела на тандемот Дукоски – Благојевиќ, а воедно и прва нивна соработка со Стрип Квадрат. Авторите зад себе го имаат и СФ стрип серијалот „Неонски ноќи“. За Стрип Квадрат ова издание е 21-во по ред.

За време на промоцијата, авторите ќе зборуваат за делото кое ќе биде достапно по промотивна цена од 300 денари. По промоцијата, графичката новела ќе биде достапна во стрип книжарницата Бункер и други книжарници низ Скопје.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com