Враќање на легендата: Вознесот на Горан Таневски и „Мизар“ – Друго откровение

0

Култниот македонски музичар и една од најмаркантните фигури на македонската авангардна и алтернативна музичка сцена, Горан Таневски, кој е еден од основачите на култната македонск група „Мизар“, заедно со поставата наречена „Мизар“ – друго откровение ќе одржи концерт на 13 јуни 2019 г. во МКЦ – Скопје.

Горан Таневски, фронтменот на „Мизар“ и еден од највлијателните вокали на југословенските простори, по повод 35 години од својата кариера издава три нови албуми и организира концерт со кој ќе се заокружи неговата плодна три и полдецениска кариера.

Во пресрет на концертот Таневски и неговиот бенд неодамна организираа јавна проба која се одржа на 30 мај во студиото на Таневски кое е во склоп на „Макотекс“ – стара телевизија.

Таневски е музичар и сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави печат врз македонската музичка сцена во својата плодна кариера, а е и еден од имињата со кои се поврзува алтернативниот рок на македонската музичка сцена. Таневски го предводеше „Мизар“ во периодот од 1984. до 1991. година а според музичките критичари е еден од највлијателните вокали на овие простори.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com