Во три години од дебитант до балкански џин: Вардар е осми на вечната листа на ЛШ!

0

Вардар е нов шампион на Европа, откако во финалето на Лигата на шампиони го совлада Веспрем со 27-24 во драматична завршница и така го освои трофејот.

Македонскиот гигант играше добар меч од самиот почеток, иако на стартот на второто полувреме беа забележани падови во играта, но сепак „црвено-црните“ беа истрајни, па го освоија трофејот.

По мечот вардарци решија да објават победничко селфи од соблекувалната.

До пред три години беше дебитант, а сега е веќе гигант на ракометна Европа. Вардар со две титули во Лигата на шампионите изби на осмото место на вечната листа на најсилниот европски Куп. По Барселона со девет, Гумерсбах со пет, Кил, Кил, Дукла Прага, Сиудад Реал, Магдебург и СКА Минск, вардарци се во групата на тимови со по две одличја од Лигата на шампионите.

Загреб, Металопластика, Гепинген, Гросвалштат, Стеауа и Монпелје се екипите кои му прават друштво на Вардар со по две европски круни. Вардар е веќе најдобар клуб од регионот, достигнувајќи ги титаните на ракометог во поранешна Југославија, Металопластика и Загреб.

Секако дека оваа титула е најнеочекувана, сензационална и буди најсилни емоции кај вардарци. Сите тие емоции ќе бидат дуплирани утревечер на полноќниот дочек на аеродромот во Скопје.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com