Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Во Скопје вградено вештачко срце

0

Тимот на врвни кардио хирурзи предводен од спец. д-р Петар Ристески кој дојде од Универзитетската Клиника во Франкфурт, проф. д-р Сашко Јовев, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Марјан Шокаровски и останатите членови на кардиохируршкиот тим имплантираа механичко срце, информира Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија на пациентот Мухарем Реџепи (54), татко на шест деца, му е вградено вештачко срце.

Во овој случај, кај пациент со тешка срцева слабост, е ставен уред кој е еден тип на механичко срце вграден во левата комора. Тоа ја всисува крвта од левата комора и преку една протеза ја носи во аортата. Мала е, бесшумна, трајна е и се наоѓа внатре, а од надвор е само батеријата која ќе се менува за таа да работи. Операцијата, која траела два ипол часа, ја извел тимот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Тимот доктори се задоволни од операцијата, а пациентот е во добра состојба.

Синоќа пациентот го посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Според премиерот, придобивките од овој зафат се огромни. Најголемата придобивка е пренесеното знаење на нашите доктори-специјалисти кое ќе можат да го применуваат во иднина. Нагласи дека се заштедени и огромни финансиски средства на Фондот.

– Ваквите операции, на пример во Германија чинат 340-350 илјади евра, а севкупните трошоци овде не поминуваат повеќе од 120.000 евра. Ова претставува унапредување на севкупниот здравствен систем во Република Македонија – рече Заев и ги охрабри сите лекари и директорите на клиниките да го следат овој тренд.

Министерот Филипче изјави дека уште ова е една нова метода што се имплементира во нашето јавно здравство.

Со овој уред се живее нормален и квалитетен живот, кој се продолжува за 10-15 години.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com