Во подметнат пожар изгоре автомобилот на сопругата на Миле Зечевиќ

0

Во пожар целосно изгорел автомобил „Тојота корола“ паркиран на улицата ,,Генерал Михајло Апостолски“, во скопската населба Карпош 1, објави порталот мкд.мк. Според овој портал, опожарениот автомобил е паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга.

Миле Зечевиќ е долгогодише член на СДСМ, каде извршуваше главно организациски и теренски работи. На последните изборни циклуси беше шеф на изборен штаб на партијата.

Зечевиќ работеше во МВР, каде имаше и раководни функции. Беше директор на УБК.

Миле Зечавиќ според последните податоци е надворешен соработник на кабинетот на Заев за адвокатски услуги.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com