Во несреќа кај Драчево загинал поранешен полицаец и целото негово семејство

0

Цело семејство настрадало во тешката сообраќајна несреќа која во доцните часови се случи кај бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево, дознава „Магазин“. Според неофицијалните информации на порталот, во сообраќајката настрадал поранешен полицаец од ПС Драчево.

До несреќата дошло кога автомобил „рено 5 кампус“ се судрил со камион за собирање на ѓубре. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.

Се смета дека возилото се движело со преголема брзина и од непознати причини возачот ја изгубил контролата. До несреќата дошло ноќеска по полноќ ,а на самото место до раните утрински часови траеше увидот.

Повеќе детали од МВР најавија за текот на денешниот ден.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com